Connect with us

Олимпик Марсеј сака да го земе Ендрик на позајмица од Реал Мадрид

Францускиот прволигаш Олимпик Марсеј е заинтересиран да го доведе напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, на позајмица, пренесува „Le10Sport“.

Според изворот, трансферот би можел да се реализира во зимскиот преоден рок. 19-годишниот Бразилец бара поголема минутажа, но засега не добива шанса во Реал Мадрид и нема забележано ниту еден настап во сезоната 2025/26. Сепак, тој беше и повреден на почетокот на сезоната.

Ендрик има договор со „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2030 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови