Connect with us

Олимпик Марсеј го доведе Руслан Малиновски

Олимпик Марсеј го официјализира потписот со офанзивниот играч за врска Руслан Малиновски. Украинецот на „Велодром“ пристигнува како позајмен играч од Аталанта до крајот на сезоната, по што Марсеј ќе мора да ги откупи неговите права за сума од 10 милиони евра, плус уште 3 милиони како бонуси.


29-годишниот Малиновски се пресели во Аталанта во 2019 година. Тој им помогна да стигнат до финалето на Купот на Италија во 2021 година, како и до четвртфиналето на Лигата на шампионите една година претходно.


За тимот од Бергамо има одиграно 143 натпревари со 30 гола и 28 асистенции во сите натпреварувања.


Украинскиот интернационалец пред да се пресели во Аталанта настапуваше за Генк, како и за Шахтјор Доњецк, Севастопол и Зорја Луганск во својата татковина.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови