Фудбалерите на Охрид со триумф ги завршија мечевите од есенската полусезона во Втората лига – Запад, славејќи на домашен терен со 3-2 (2-0) против Кадино во натпревар кој беше во знакот на хуманоста.
Охриѓани играа и победија како подадена рака за Трајан Целески-Тачо на кого му се потребни финансиски средства за нова победа во битката со тешката болест. Целески пред со избори со туморот на мозокот, но сега повторно за жал го очекува борбата со оваа болест. Од клубот одлучија сите средства од билетите да бидат донирани, а и самите фудбалери ќе донираат одредена сума за лекувањето на Тачо.
Охрид до победата дојде со головите на Никола Секулоски во 12. минута и Александар Ѓорѓиески во 38. и 66. минута. Стрелци за Кадино беа Ачески во 51. минута и Трипуноски во 71. минута.
„Рибарите“ со трите бода од денешниот дуел со Кадино се одлепија од дното и на претпоследната позиција на табелата ќе презимат во второлигашката конкуренција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













