
Фудбалерите на Охрид ремизираа (1-1) во пријателскиот натпревар со Гостивар кој денеска се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Надмоќноста на теренот во првото полувреме охриѓани ја капитализираа во 38. минута кога шутот на Бурхан Алији од слободен удар заврши во мрежата на гостинскиот голман. Но, гостите во вториот успеаја да израмнат во 65. минута со голот на дефанзивецот Акан Лимани.
Претходно Охрид го промивираше и седмото, и последно, засилување за пролетниот дел од сезоната. По ангажманот на Стојанче Велинов, охриѓани се засилија со уште еден досегашен фудбалер на Брегалница, 33-годишниот лев бек Мартин Шишков.
Шишков е вкупно седми фудбалер кој им се приклучи на „рибарите“ во зимскиот преоден рок. Охриѓани се засилија и со Раиф Мирселоски, Бурхан Алији, Шериф Реџепи, Дарко Симјаноски, Стојанче Велинов и Александар Василев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal