
Веќе се промовирани пет нови македонски второлигаши од шесте третолигашки региони во домашниот фудбал. Охрид Лихнидос, Питу Гули од Крушево, ФК Кадино, ФК Дојранско езеро и Осогово од Кочани од следната сезоната ќе играат во Втората лига, а се очекува единствено уште шампионот во Третата лига – Запад.
ФК Охрид Лихнидос изминатиов викенд крунисан во шампион во Третата лига – Југозапад и промовиран во нов член на Втората МФЛ. Градот Охрид, преставник во Втората лига добива по седум години пауза. Последна екипа која се натпреваруваше во второлигашкото друштво беше ФК Охрид Лоте.
По цели 25 години, пак, ФК Питу Гули од Крушево ќе игра во Втората лига откако со вчерашната победа од 3-0 против велешка Бабуна од Велес го освои првото место во Третата лига – Централен регион.
Во Третата лига – Исток, нов шампион е ФК Осогово кој по само една сезона во третолигашкото друштво повторно се врати во Втората лига. Осогово убедливо е на врвот во Истокот пред екипата на Овче Поле.
Во Третата лига – Север, пак, нов шампион е ФК Кадино кој од следната сезона ќе игра во Втората лига. Кадино до титулата во третолигашката регионална конкуренција стигна на убедлив начин. На две кола до крајот е со дури 14 бода предност на врвот пред Фортуна и ССК Нова.
Во Третата лига – Југ, нов шампион е Дојранско езеро кој следната сезона ќе се натпреварува во Втора лига. Дојранско езеро убедливо го освои првото место пред Тиверија, во моментов со девет бода повеќе пред последното коло.
Останува уште да се одлучи шампионот во Третата лига – Запад, каде на три кола пред крајот ФК Дрита има бод предност пред ФК Вардар – Форино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Баерн Минхен му понуди нов договор на Лирој Сане

Евро-фудбал
Јувентус е подготвен да го продаде Даглас Луиз

Евро-фудбал
„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер
