Вилјареал го шокираше Јувентус во Торино победувајќи со 0:3 и обезбеди пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Откако на првиот меч во Шпанија немаше победник (1:1) и Јувентус важеше за фаворит на домашен терен, се случи неверојатен епилог.
„Ова е Лига на шампионите, има тимови на многу високо ниво и не се простуваат грешки. Мораме да научиме од ова бидејќи, за да се натпреваруваш на највисоко ниво, треба да бидеш фокусиран до крајот. Ние не бевме и затоа сме казнети. Направивме некои грешки, а во ова натпреварување деталите прават разлика. Тешко е да се разбере што ни се случи, можеме само да им се извиниме на нашите навивачи и да се обидеме да научиме нешто од оваа лекција“, изјави дефанзивецот на Јувентус, Данило.
Слично размислува и Хуан Квадрадо. Тој не може да објасни како се случи неверојатниот пораз.
„Нема објаснување за ова, едноставно фудбалот понекогаш е таков. Одигравме добро прво полувреме, но не ја искористивме шансата и тоа влијаеше на нас. Вилјареал добро се бранеше и ја дочека шансата”, изјави Куадрадо.
Јувентус трета година по ред е елиминиран во осминафиналето од Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













