Натпреварот меѓу Јединство и Дечиќ, одигран во рамките на првенството на Црна Гора, стана тема во регионот поради скандалот за кој пишуваат локалните медиуми. Натпреварот заврши 1-1, со, како што наведува Радио и Телевизија Црна Гора, голема грешка и неправда во режија на судијата Милош Савовиќ.
Ovo je večeras svirano kao gol ⚽️ za Dečić u 1.CFL #CrnaGora
— JanEk (@nekboa) September 14, 2024
🤯 pic.twitter.com/d4Z5yNvTV0
„Во 40. минута од натпреварот Јединство – Дечиќ, гостинскиот играч Аугусто Шагас шутираше, голманот Горан Аковиќ со мала мака одбрани, а помошниот судија Урош Рашовиќ му сигнализираше на главниот судија, Милош Савовиќ, дека топката со целиот дијаметар ја преминала гол-линијата“, се наведува во текстот.
„Се случи нов скандал“ „Од сите на стадионот во Бијело Поље, тоа веројатно го виде само Рашовиќ, бидејќи на играчите на Јединство и Дечиќ им беше јасно дека Аковиќ навремено реагираше. Дури и крилото Ален Машовиќ, веднаш се фати за глава, бидејќи беше свесен каква шанса пропушти Бразилецот. Но, само неколку секунди подоцна започна славјето на гостите и оправданото незадоволство на домашните играчи, стручниот штаб и навивачите“, пишува РТЦГ, додавајќи:
„Токму кога малку заборавивме на сите ужасни сцени од минатата полусезона во црногорскиот фудбал, на што влијаеја и неочекувано добрите резултати на нашите клубови во квалификациите за Конференциската лига, се случи нов скандал“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski