Фудбалски менаџер на клуб од Премиер – лигата признал дека учествувал во договор „секс за пари“ со тинејџерка која сега го обвинува за силување, пишува авторитетното издание „Атлетик“. Изданието е категорично дека не може да го именува лицето инволвирано во делата, кои во моментов се дел од правна постапка. Во документите до кои дојде публикацијата, тој признава дека и дал пари на наводната жртва во замена за интимен контакт кога таа имала 16 или 17 години.
„Во повеќето случаи тој вршел сексуална активност со тужителката, во текот на годините вкупно околу 15 пати, за што финансиски ја наградил согласно нејзините очекувања. Во еден случај, обвинетиот извршил сексуална активност и со тужителката и со нејзината сестра, бидејќи и двете сакале да заработат пари“, се вели во соопштението.
Првичните наводи беа изнесени од наводната жртва на сексуален напад во 2021 година, тврдејќи дека била силувана во домот на обвинетиот кога имала 15 години. Човекот не е уапсен, а случајот е дел од архивата на Кралското обвинителство. Ова се должи на правната карактеристика што ја има локалното законодавство.
Британскиот кривичен законик наведува дека ако наводното кривично дело е извршено помеѓу 1956 и 2004 година, а тужителката е на возраст меѓу 13 и 15 години, таа мора да поднесе пријава во рок од една година од чинот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













