
Фк Пелистер доби нов споственик откако поранешниот сопственик Пеце Стојчевски и официјално ги предаде документите на компанијата “Спорт Бит”. Нивна единствена цел ќе биде да се врати клубот на местото каде што припаѓа. Како нов претседател на битолчани е поставен Пеце Коруновски, кој во последните години ја имаше функцијата на спортски директор на клубот.
“Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер. Чест и задоволство ми е денеска да соопштам дека фирмата „Спорт Бит“ е новиот сопственик на 75% од акциите на фудбалскиот клуб Пелистер. Со ова се исполнува ветувањето на г-дин Христо Кондовски за стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денеска веќе им се исплатени заостанати плати”, вели Коруновски.
“Во блиска иднина ќе се формира нова управувачка структура на фудбалскиот клуб Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
