Македонскиот репрезентативец Кире Ристевски и официјално е нов фудбалер на кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол. Тој ќе му биде нов соиграч на поранешниот младински репрезентативец Давор Здравковски кој со успех го носи дресот на АЕЛ Лимасол.
Ристевски, кој се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за настап на Европското првенство, потпиша двегодишен договор со раководството на АЕЛ Лимасол, со опција за продолжување на соработката и за дополнителна трета сезона.
Кире Ристевски имаше одлични игри за Ујпешт во првенството на Унгарија, а сезонава со овој тим го освои Купот на Унгарија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













