Connect with us

Одлучуваа пеналите: Сенегал го освои Купот на Африка (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Сенегал е победник на Африканскиот куп на нации откако во големото финале го совлада Египет со 4-2, дури по изведување пенали. Во регуларниот тек, а и по 120 минути, натпреварот заврши без голови.

Садио Мане во седмата минута не реализира пенал, Габаски го одбрани неговиот удар, но во пенал – серијата беше успешен и на Сенегал му донесе големиот триумф.

Абделмонем и Лашин не беа прецизни од белата точка во селекцијата на Египет, па Мохамед Салах мораше на крајот да му честита на својот соиграч од Ливерпул, Садио Мане, за голамата победа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови