Тијаго Алкантара си заминува од Ливерпул на крајот на сезоната, а одличниот играч за врска има понуда од Џирона. Малиот каталонски клуб, кој успеа да се пласира во Лигата на шампионите и го постигна најголемиот успех во историјата, планира да се засили за да продолжи да расте следната сезона.
Каталонските медиуми пишуваат дека Џирона контактирала со агентите на Тијаго и е подготвена да му понуди враќање во шпанскиот фудбал по 11 години.
Тијаго Алкантара е дете на Барселона, но во 2013 година реши да замине кај Пеп Гвардиола во Баерн Минхен, од кој во 2019 година се пресели во Ливерпул.
Очигледно Шпанецот не размислува за заминување од Европа, верува дека сѐ уште може да игра на високо ниво, а Џирона му нуди враќање во Каталонија, како и настапи во Лигата на шампионите.
Нема сомнеж дека ова би бил одличен трансфер за шпанскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула, Шкендија мина втора низ целта и ќе...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на сезоната: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум ја одбрани титулата во македонскиот шампионат. Клучна се покажа победата против...
Автор makfudbal