Џовани Галеоне, кој е добар пријател со Масимилијано Алегри, го коментираше отказот на тренерот од Јувентус веднаш по освојувањето на Купот на Италија. Тој смета дека клубот неправедно се однесувал кон тренерот со оглед на неговите достигнувања.
Тој исто така навести дека Алегри не би одбил понуда од Баерн Минхен. Баварците во моментов се во потрага по нов тренер откако стана јасно дека ќе се разделат со Томас Тухел.
„Отказот на Макс беше неправеден, но можеби е подобро затоа што не се согласуваше со Џунтоли. Го познавам Макс неколку години и кога тој така експлодира тој ден, очигледно има многу реакции за него. Да не спомнувам дека не беше досуден пеналот против Влаховиќ. Едно е сигурно, против Аталанта на Гасперини, неговите фудбалери беа тактички перфектни и не му дозволија ништо на противникот“, изјави Галеоне за „Газета дело спорт“.
„Макс го освои Купот на Италија, го врати тимот во Лигата на шампионите и наметна многу млади играчи. Сето ова по суспензиите на Погба и Фаџоли, кои можеа да ја направат разликата на многу натпревари, дури и да одиграа по 20 минути“, смета Галеоне.
Заминувањето на Масимилијано Алегри од Јувентус отвора нова можност пред Баерн Минхен, кој сепак најверојатно прво ќе преговара со Роберто де Зерби, кој денеска ќе го има последниот натпревар на клупата на англискиот премиерлигаш Брајтон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













