Connect with us

Одложен уште еден меч од Премиер – лигата

Уште еден натпревар од Премиер – лигата е одложен. Натпреварот меѓу Арсенал и Вулверхемптон кој требаше да се одигра на 28 декември е одложен поради големиот број на заразени играчи на Вулверхемптон.


„Волците“ не одиграа натпревар против Вотфорд на „Боксинг деј“, а потоа стигна потврда за одложување и на пресметката со Арсенал.

Натпреварот меѓу Ливерпул и Лидс веќе е одложен поради истата причина, што значи дека наместо шест, во вторник ќе се одиграат четири натпревари од англискиот шампионат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови