Изборот на најдобриот во македонскиот фудбал за сезоната 2017/2018 мина комплетно во знакот на тетовска Шкендија.
Актуелниот македонски фудбалски шампион доби вкупно седум признанија во изборот на ФФМ, како награда за комплетната доминација изминатата година во сениорскиот и во младинскиот домашен фудбал. Бесарт Ибраими е фудбалер на годината во Македонија, а го доби и признанието за најдобар стрелец, Ќатип Османи сосема очекувано е тренер на годината, а Шкендија го доби и признанието за фер-плеј екипа. Во младинска конкуренција Шкендија ја доби наградата за екипа на годината, Енис Фазлагиќ е најдобар млад фудбалер а Беким Османи за најдобар тренер.
Сите добитници на наградите по синоќешната вечер во Македонскиот народен театар само потенцираа дека сето ова е дополнителен мотив во ист стил да се продолжи и во новата година.
„Овие признанија не обврзуваат на ист начин да продолжиме и во следната година. Шкендија мора повторно да доминира во македонскиот фудбал. Секако сето ова е благодарение на извонредните услови за работа кои ги добиваме од сопственикот Лазим Дестани“ – велат едногласно добитниците на наградите од ФФМ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Мареска: Делап повторно ќе паузира долго













