Connect with us

Од каде доаѓа најголемата опасност: Де Бруин е „мозокот“, а Доку главниот „пакер“

МАКФУДБАЛ во Гент,

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во 20:45 часот на стадионот „Планет Груп Арена“ во Гент ќе го игра мечот против Белгија, првиот фаворит во групата за пласман на Светското првенство 2026. Нашиот национален тим доаѓа како лидер во групата, но голем предизвик ќе биде да се сопрат Белгијците, кои располагаат со фантастични офанзивни играчи.

Нема да игра Ромелу Лукаку поради повреда, исто како и важниот играч од средниот ред, Јури Тилеманс, но селекторот Руди Гарсија располага со голем офанзивен потенцијал. Во одлична форма е Џереми Доку, крилниот напаѓач на Манчестер Сити, кој статистички создава најмногу шанси за гол во селекцијата на Белгија. Ќе мора да се најде начин да се сопре брзоногиот Доку, па селекторот Благоја Милевски ќе посвети и зголемено внимание на него.

„Белгија сега има поголем респект кон нас. Тие се одлична репрезентација, ги почитуваме Белгијците, но ќе сториме сѐ да оствариме позитивен резултат. Нема да биде лесно, но ова се квалификации за Светско првенство и ние имаме огромна шанса. Ќе се обидеме да ја искористиме на најдобар можен начин“, порача дефанзивецот Висар Муслиу, кој настапува во Белгија, за тимот на Локерен.

Во нападот на Белгија покрај Доку на левата страна, се очекува да настапат и Леандро Тросар на десната крилна позиција, како и Лоис Опенда од Јувентус, во срцето на навалната линија.

На средината на теренот „главен“ ќе биде Кевин де Бруин, соиграчот на Елиф Елмас од Наполи и еден од најдобрите плејмејкери во светскиот фудбал во последната деценија. На голот е Тибо Куртоа од Реал Мадрид, а одбраната на Белгија изгледа многу цврсто.

Но, Македонија ќе мора да најде начин да се спротистави, како и на првиот меч во Скопје. Со храбра и пожртвувана игра, можат да се сопрат „страшните“ Белгијци и вечерва во Гент.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови