
Oбвинителство на Торино отворило истрага и подготвува обвинение за поранешниот претседател на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус, Андреа Ањели, како и другите на раководни функции во клубот, пренесува агенцијата АНСА. Вкупно, истрагата за финансиски неправилности и прекршоци во Јуве ќе опфати 11 лица.
Сите тие се под сомнение за прекршување на финансиското управување на најуспешниот италијански клуб. Поточно, истрагата е за фалсификувани документи за трансфери на пари, измама и надуени суми за купување играчи, вклучувајќи го и потпишувањето на португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо, кој играше за Јувентус од 2018 до 2021 година.
Но, тоа не е се, а раководството на клубот може да биде обвинето за ширење лажни информации за финансиската состојба на торинскиот гигант, манипулирање на пазарот, давање лажни пријави за приходи за непостоечка активност, попречување на ревизорската контрола и ограничување на влезот на даночните службеници. Клубот, сепак, овие обвинувања ги дефинира како неосновани.
Доцна во понеделникот вечерта, целиот борд на директори, предводен од претседателот Андреа Ањели и неговиот заменик Павел Недвед, поднесе оставка. Претходно, некои медиуми ја лансираа идејата дека неуспешната идеја за создавање на Суперлигата е исто така важна и може да се додаде на причините за оставката.
Јувентус и Ањели беа заедно со Реал Мадрид, најголемите поборници за создавање фудбалска Суперлига со учество на најголемите клубови во Европа, но УЕФА се погрижи да не толерира такво однесување и очигледно започна со суспензија на некои од иницијаторите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
