Connect with us

Обамејанг призна: Сакам да се вратам во Барселона

Пјер-Емерик Обамејанг потврди дека сака повторно да игра за Барселона. Напаѓачот моментно е во Челси под договор на уште една сезона.


„Би сакал да се вратам во Барса, но ќе видиме што ќе се случи“, призна тој во клип на „ТикТок“.
Габонецот веќе играше на „Камп Ноу“ меѓу јануари и септември 2022 година, постигнувајќи 13 гола на 24 натпревари. Потоа беше продаден на Челси за 12 милиони евра, но Грем Потер едвај сметаше на него.


Френк Лампард, кој го наследи, сепак, почна да му дава повеќе шанси на Оба-Оба.


Обамејанг за еден месец ќе наполни 34 години. Каталонците бараат централен напаѓач како алтернатива за Роберт Левандовски кој на лето ќе наполни 35 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови