Њукасл се подготвува за амбициозен потег. Kлубот ќе се обиде да го доведе Џек Грилиш од Манчестер Сити, пренесуваат англиските медиуми.
Според информациите, кариерата на 29-годишниот офанзивен играч на „Етихад“ практично е завршена. Менаџерот Пеп Гвардиола веќе не смета на него, а Грилиш најверојатно нема ни да биде дел од тимот за Светското клупско првенство.
Грилиш пристигна во Манчестер Сити од Астон Вила во 2021 година за вртоглави 100 милиони фунти, но не успеа да ги оправда очекувањата. Иако придонесе во клучни натпревари, особено во сезоната 2022/23, во последните месеци падна во немилост кај тренерот.
Проблемот со евентуалниот трансфер е неговата огромна неделна плата од 300.000 фунти, што го прави недостижен за голем дел од клубовите. Сепак, Њукасл е еден од малкуте што би можеле да си го дозволат, особено доколку Сити прифати да субвенционира дел од платата.
Освен „чавките“, интерес покажуваат и Евертон, кои се надеваат да го доведат на позајмица, но и тие би морале да добијат финансиска помош од Сити. Се разбира, тука е и Астон Вила, неговиот поранешен клуб.
За Манчестер Сити ова би била шанса да го растоварат буџетот, а за Њукасл – можност да донесе докажан играч со премиерлигашко искуство кој би можел да ја зајакне креативноста на средниот ред.
Се очекува разврската околу иднината на Грилиш да биде позната во текот на летото.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













