Њукасл треба да биде новиот Манчестер Сити. Проект опкружен со огромни пари, каде ќе се вложува многу за да се оствари целта. Англискиот премиерлигаш доби нови сопственици од Саудиска Арабија кои нема да штедат средства за да го доведат најдоброто на „Сент Џејмс Парк“.
На почетокот имаат проблеми со ангажман на звучни имиња, но ангажиран е Еди Хау за нов нов менаџер, а тој ќе треба што е можно побрзо да го извлече тимот од дното и да обезбеди опстанок во Премиер – лигата.
Во меѓувреме, се подготвуваат неколку сериозни понуди, а едната од нив е за тинејџерот Џуд Белингам. Њукасл е подготвен да плати 100 милиони евра за да го врати од Борусија Дортмунд во Англија и да го направи вистинска ѕвезда во тимот што допрва ќе се формира.
За Белингам постои интерес и од Манчестер Јунајтед, Челси, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, но Њукасл верува дека може да излезе како победник со европските гиганти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













