Њукасл дојде до убедлива победа над Нотингем Форест со 2-0 во седмото коло од Премиер – лигата. По мирното прво полувреме, тимот на Еди Хау во вториот дел ја реши работата. Бруно Гимараеш го отвори резултатот во 58. минута, а Ник Волтемаде со сигурна реализација на пенал во 84. минута ја потврди победата на „чавките“.
Ова е само втор триумф за Њукасл сезонава, додека Форест останува во долниот дел на табелата со една единствена победа и 17. позиција.
Астон Вила конечно дојде до победа, совладувајќи го Барнли со 2-1 благодарение на двата гола на Дониел Мален.
Евертон во финишот го скрши отпорот на Кристал Палас за триумф од 2-1. Вулверхемптон и Брајтон одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













