Шкендија имаше очајно лето во Европа, а тоа придонесе и за структурни промени во клубот. Но, тетовскиот тим сепак е еден од фаворитите за највисок пласман во Првата фудбалска лига на Македонија, а во првото коло денеска (17 часот) гостува во Охрид и ќе ги одмери силите со дебитантот Воска Спорт.
Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ардијан Нухиу, вели дека тимот мора да одговори на вистинскиот начин и да стартува квалитетно во шампионатот, откако не „положи“ во Европа.
„Шкендија е подготвена за стартот на сезоната во Првата лига. После елиминацијата од Хаверфордвест, кај нас разбирливо постоеше вознемиреност. Во неколку наврати разговарав со играчите, мора таа болка од Европа да ја претвориме во мотив и затоа мора добро да тргнеме во шамионатот. Воска ја анализиравме добро, тоа е сосема нов тим, со оглед дека доведоа многу играчи, но ние веруваме во нашиот квалитет и сакаме да дојдеме до триумф во Охрид“, изјави Нухиу.
ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, 1. КОЛО (17 часот)
ВОСКА – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
АП БРЕРА СТРУМИЦА – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС
ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП
УТРЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













