Атлетико Мадрид продолжува со својата серија без пораз во Ла Лига, но проблемите со многуте нерешени резултати остануваат. Во девет одиграни кола, тимот на Диего Симеоне има четири победи и дури пет ремија.
Во најновото реми, Атлетико беше на чекор до победа на гостувањето кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан, но хрватскиот интернационалец Лука Сучиќ им ги „украде“ трите бода со гол во 84. минута, поставувајќи го конечниот резултат 1-1. Претходно, Хулијан Алварез им донесе водство на гостите уште во првата минута од натпреварот.
Со овој резултат, Атлетико Мадрид моментално се наоѓа на третата позиција на табелата со 17 бода, што е седум помалку од лидерот Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Летонија













