Нови проблеми за македонскиот селектор Игор Ангеловски пред стартот на квалификациите за ЕП 2020 кој не очекува овој месец со двата први дуели против Летонија и Словенија.
Во денешното 23. коло од кипарскиот шампион се повреди еден од нашите најдобри офанзивци Иван Тричковски кој сезонава игра во извонредна форма во дресот на АЕК Ларнака.
Тричковски влезе во игра во 69. минута на натпреварот против АЕЛ Лимасол и по само четири минути заработи незгодна повреда по што веднаш мораше да го напушти теренот. Се очекуваат првите лекарски прегледи, па дополнително ќе биде позната тежината на повредата и должината на отсуството на македонскиот репрезентативец.
Македонија на дуелите против Летонија и Словенија ќе биде без Аријан Адеми, а неизвесно е дали ќе може на располагање на Ангеловски да бидат и Кире Ристевски и Стефан Спировски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













