Украинскиот фудбалер Евгениј Новак и официјано се збогуваше од ФК Вардар. По пет години минати во црвено-црниот дрес Украинецот продолжува во украински Колос, одлучувајќи со порака посветена на Вардар и „Комитите“ да се збогува од најтрофејниот македонски клуб.
„Почитувани фанови, соиграчи и сите што го поддржуваат и сакаат семејството Вардар. Денеска завршува мојата убава приказна со Вардар. По три шампионски титули и историскиот успех со пласман во групната фаза од Лигата на Европа, сега се разделувам. Во Скопје запознав многу прекрасни луѓе со кои ќе продолжам да бидам во контакт а Вардар засекогаш ќе остане во моето срце. Им благодарам на соиграчите, им благодарам на навивачите, им благодарам на Комитите и на сите што ме поддржуваа изминатите речиси пет години. Му посакувам успех на клубот во иднина, и секогаш ќе останам број еден навивач на Вардар“ – напиша Новак на своите официјални профили на социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













