
Процесот на собирање понуди за продажба на Челси е завршен, сега банката ќе направи избор на четирите најдобри, а потоа одлуката е на Роман Абрамович. Сепак, рускиот олигарх можно е и да не го продаде клубот бидејќи наводно е решен новите сопственици да не бидат од земји кои воведоа санкции за руските олигарси. Тоа би значело дека американските и англиските понуди се отфрлаат, а во трката остануваат само Саудијците, чија понуда според некои информации е најголема.
Но, со оглед на тоа што се случи со Њукасл, што го доведува во прашање купувањето на „Сауди Медиа Груп“, целиот процес би можел да трае околу два месеци, како во случајот со сопственикот на „чавките“.
Челси во моментот тоа не може да го поднесе, може да заврши со одземени бодови и целосен распад, иако некои најави дека Велика Британија едноставно ќе го заплени клубот, како и други средства на Абрамович, во владата не сакаа да ги коментираат.
Се појави и Џон Тери, тој потврди дека го предводи конзорциумот „True Blue“ кој вреди околу 250 милиони фунти и би сакал да откупи 10% од акциите, за фановите со пари да финансираат дел од купувањето. Покрај Тери, тука се и поранешната фудбалерка на Челси, Клер Раферти, конзервативниот финансиер Дејвид Мелер и многу други.
Нивниот удел би значел место во идниот одбор на директори и следење на состојбите поврзани со клубот, односно намерите на идните сопственици. Сепак, сето тоа е далечно, а Челси се соочува со уште поголема неизвесност.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Евро-фудбал
Рафиња бесен на Карло Анчелоти

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
