Connect with us

Нов случај на расизам против Винисиус Жуниор (ВИДЕО)

Уште еден случај на расизам во Шпанија. Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор повторно беше цел на навреди. Ова се случи на големото дерби меѓу Барселона и Реал, кое го добија „кралевите“ со 1-2.


По натпреварот на Олимпискиот стадион во Барселона, шпанскиот весник „Марка“ објави видео како навивач на каталонците го гаѓа Винисиус со кора од банана, а во исто време се слушаат скандирања „мајмун“.

Откако случајот излезе во јавноста, Барселона излезе со соопштение во кое објави дека започнува истрага за тоа што се случило.

„Барселона секогаш ќе ги поддржува вредностите на фудбалот и спортот како почит кон противникот и ќе ја истражиме секоја расистичка навреда што можеби се случила за време на натпреварот против Реал Мадрид“, се вели во соопштението на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови