Италијанскиот калчолигаш Наполи остана без Ирвинг Лозано, кој добил позитивен тест на Ковид-19 во својата земја. Мексиканецот се тестирал пред да тргне на пат кон Неапол, па сега ќе мора да остане во изолација во својот дом.
Лозано е вакциниран и засега нема симптоми на коронавирусот, но неговото враќање во Италија сериозно ќе се оддолжи.
Тој нема да може да му помогне на тимот на дербито против Јувентус на 6. јануари.
Во изолација се и Фабијан Руиз, кој пред неколку дена добил позитивен тест, како и Лоренцо Инсиње кој беше позитивен пред една недела.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement