Connect with us

Нов проблем за Јувентус: Леонардо Бонучи позитивен на Ковид-19

Италијанскиот калчолигаш Јувентус потврди дека одбранбениот фудбалер Леонардо Бонучи е најновиот случај на коронавирус во клубот. Тој утрово добил позитивен тест на Ковид-19 и согласно протоколите веднаш е префрлен во изолација.


Италијанскиот репрезентативец ќе ги пропушти следните неколку меча на тимот, сигурно ќе отсуствува против Торино и против Наполи.


Леонардо Бонучи е втор играч на Јувентус кој оваа седмица покажа позитивен тест на Ковид-19 по турскиот интернационалец Мерих Демирал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови