Connect with us

Нов проблем за Атлетико: Суарез се повреди, ќе отсуствува три седмици

Лидерот на табелата во Ла Лига, тимот на Атлетико Мадрид, доживеа нов удар откако изминатиот викенд загуби од Севилја и конкурентите Барселона и Реал Мадрид сериозно му се доближија. Диего Симеоне во наредните три седмици нема да може да смета на најдобриот напаѓач Луис Суарез.

Уругвајскиот интернационалец се повредил на денешниот тренинг, го истегнал мускулот на левата нога, а првичните лекарски проценки се дека ќе отсуствува околу три седмици. Суарез би можел да се врати за мечот против Елче, а на 9 мај Атлетико Мадрид го очекува и гостување на „Камп Ноу“ против Барселона.

Суарез оваа сезона постигна 19 гола во дресот на Атлетико Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови