Работнички оствари важна победа (0-2) против Пелистер на почетокот на пролетниот дел од сезоната и промовираше талент од новата генерација. Суперталентираниот Теодор Николовски доби шанса да дебитира во сениорскиот тим со 16 години и три месеци.
„Нема сомнение дека пред него е блескава фудбалска иднина и ќе тргне по стапките на Елиф Елмас и на Лука Станковски“, велат од клубот од Дебар Маало.
Николовски е играч од средниот ред и речиси цела година тренира со првиот тим на Работнички, но досега немаше право за настап за сениорскиот состав со оглед на возраста. Откако наполни 16 години и се наметна кај шефот на стручниот штаб Борче Христов на подготовките во Анталија, тој доби шанса за деби веќе на првиот пролетен натпревар против Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













