Серхио Агуеро и Осман Дембеле се опоравија од повредите и се вратија на тренинзи во тимот на Барселона, но сега отсутен е Роналд Араухо. Еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона се здоби со повреда на тетивата на натпреварот меѓу Аргентина и Уругвај и веќе го напушти кампот на репрезентацијата.
Од Каталонија денеска пристигна информација дека Араухо ќе треба да паузира околу две седмици, а „Ел Класико“ е на програмата за 12 дена.
Уругваецот сигурно ќе го пропушти дуелот со Валенсија в недела и мечот против Динамо Киев в среда, а ќе биде во трка со времето дали ќе се опорави за пресметката со Реал Мадрид, што од сегашен агол е малку веројатно.
Стоперскиот тандем дотогаш се очекува да го сочинуваат Жерар Пике и Ерик Гарсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal













