Connect with us

Нов гол за Митровски во Хрватска (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски игра во одлична форма на стартот од сезоната во Хрватска. Тој го постигна вториот гол за Вараждин од почетокот на првенството, стрелајќи во ремито (3-3) против Локомотива Загреб.

Митровски ја искористи големата грешка на домашниот голман Никола Чавлина и погоди во 19. минута за почетно водство на Вараждин.

Во последните 15 минути во тимот на Локомотива Загреб заигра и младинскиот репрезентативец Фета Фетаи, кој летово направи трансфер од Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови