Нотингем Форест размислува да го назначи Анге Постекоглу на местото на Нуно Еспирито Санто, чија иднина на „Сити Граунд“ изгледа сè понесигурна. Според информациите, раководството на клубот сериозно размислува за можноста да го врати австралискиот стратег во Премиер – лигата, откако Нуно Санто јавно призна дека односите со сопственикот Евангелос Маринакис „се промениле“.
Напнатоста меѓу двајцата ескалирала уште минатата сезона, кога Маринакис дури и слезе на теренот за директно да се соочи со својот менаџер.
Постекоглу, кој со Тотенхем успеа да стигне до трофејот во Лига Европа, но заврши на разочарувачката 17. позиција во Премиер – лигата, сега бара ново враќање на менаџерската сцена.
Австралиецот веќе одбил понуда од Ал-Ахли во Саудиска Арабија, со желба кариерата да ја продолжи во Англија. По неговото отпуштање на крајот од минатата сезона, беше заменет од Томас Франк, но остана да живее на Островот и е подготвен за нов предизвик.
Нотингем Форест ја отвори сезоната со убедлива победа од 3-1 против Брентфорд, а во недела ќе игра против Кристал Палас. Сепак, сенката за тренерската несигурност веќе надвиснува над клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













