Нотингем Форест ја размислува можноста да го ангажира играчот од средниот ред на Јувентус, Даглас Луис, пренесува „Тутоспорт“.
Англискиот клуб внимателно ја следи ситуацијата околу Бразилецот, кој во 2024 година се приклучи на „бјанконерите“ заедно со својата партнерка, швајцарската фудбалска ѕвезда Алиша Леман. И покрај високите очекувања, Луис тешко се наоѓа во почетниот состав на Јувентус, со само три старта оваа сезона во Серија А, главно поради мускулни повреди.
Јувентус е подготвен да се раздели со 26-годишниот играч за врска, при што се разгледува можноста тој да биде позајмен со опција за задолжителен откуп на договорот доколку бидат исполнети одредени услови.
Нотингем Форест го засили интересот за Луис додека се бори за место во Лигата на шампиони. Во моментов тимот се наоѓа на четвртата позиција во Премиер – лигата, со само три бода предност пред седмопласираната Астон Вила, што најавува драматичен крај на сезоната.
Во сабота Нотингем Форест ќе се соочи со Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Купот, а во четврток ги очекува натпревар против Брентфорд во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













