Првиот голман на репрезентацијата на Германија, Мануел Нојер ќе го пропушти гостувањето во Македонија од квалификациите за Светското првенство. Македонија ја пречекува Германија на арената „Тодор Проески“ во понеделник вечер, а за овој дуел, на „панцирите“ дополнително им се придружи голманот на германскиот второлигаш Бохум, Даниел Хојер Фернандес.
Чуварот на мрежата на Баерн Минхен го пропушти квалификацискиот натпревар за против Романија синоќа, и тој продолжува со индивидуален тренинг. Сепак, ќе биде недостапен поради проблеми со повреда на мускулот. На негово место, Марк-Андре Тер Штеген, беше во стартниот тим кој извлече победа од 2-1 нa “Волкспаркстадион”.
Тер Штеген се очекува да го започне натпреварот и со “рисовите” во Скопје, а Бернд Лено од Арсенал најверојатно ќе остане на клупата.
Германците ќе пристигнат директно на натпревар во Скопје, односно, нема да тренираат претходно на арената „Тодор Проески“, ниту пак ќе одржат официјална прес – конференција. Последниот тренинг пред мечот со Македонија, „панцирите“ ќе го одработат утре во 11 часот во својата база. Попладнето експедицијата ќе пристигне во Скопје, но без да одработи официјален тренинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













