Офанзивецот на Челси, Кристофер Нкунку, размислува да го напушти „Стемфорд бриџ“ веќе во зимскиот преоден рок. Французинот е во втор план кај тренерот Енцо Мареска, добивајќи ограничени минути, освен во Конференциската лига, која не е во фокусот на клубот.
Интересно е дека Нкунку е најдобар стрелец на Челси ако се земат предвид сите натпреварувања, со постигнати 10 гола. Најголем дел од нив ги постигна во квалификациите и потоа во Конференциската лига (шест гола), два во Лига купот и само еден во Премиер – лигата.
Се споменува и можноста за негов трансфер во Манчестер Јунајтед, кој покажува интерес, а исто така и Пари Сен Жермен, со кој претходно беше поврзуван.
Челси плати 60 милиони евра за него, но јасно е дека нема да може да ја врати целосно вложената сума, што Јунајтед и ПСЖ би можеле да ја искористат, со оглед дека е во втор план во Челси.
Нкунку има 26 години и може да игра на повеќе позиции во нападот, што го прави атрактивна опција за други клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













