
На интернет се појави слика од она што се тврди дека е конечниот пласман на годинашното издание во изборот за “Златната топка”, а Роберт Левандовски, наводно, конечно, ќе биде прогласен за нејзин освојувач. Добитникот на наградата сега е малку потешко да се предвиди, бидејќи Лео Меси и Кристијано Роналдо не се директни фаворити како што беа вообичаено во последната деценија.
Овојпат има многу повеќе имиња во комбинација, како играчот од средниот ред на Челси, Жоргињо и напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема. Сепак, на социјалните мрежи се појави слика од гласањето според кое победник е напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Сликата е од документ од “Франс Фудбал”, кој датира од 25 октомври и го прикажува рангирањето на оние кои се во трка за наградата. На споменатата слика, Полјакот води на листата со 627 гласови, Меси е на второто место, а Карим Бензема е трет. Интересно е што Кристијано Роналдо се наоѓа дури на деветтото место.

- Роберт Левандовски (Баерн Минхен)
- Лионел Меси (ПСЖ)
- Карим Бензема (Реал Мадрид)
- Мохамед Салах (Ливерпул)
- Жоржињо (Челси)
- Килијан Мбапе (ПСЖ)
- Н’Голо Канте (Челси)
- Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд)
- Кристијано Роналдо (Јувентус/Манчестер Јунајтед)
- Кевин де Бруин (Манчестер Сити)
- Џанлуиџи Донарума (Милан/ПСЖ)
- Лука Модриќ (Реал Мадрид)
- Џорџо Кјелини (Јувентус)
- Хари Кејн (Тотенхем)
- Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед)
- Рубен Дијаш (Манчестер Сити)
- Ромелу Лукаку (Интер/Челси)
- Педри (Барселона)
- Нејмар (ПСЖ)
- Ријад Марез (Манчестер Сити)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
