Англиските медиуми претходно објавија дека Арсенал е заинтересиран за доведување на фудбалерот на Интер, Ашраф Хакими како замена за Хектор Белерин, кој се очекува да замине на крајот на сезоната.
Сепак, според италијанскиот новинар Фабрицио Романо, репрезентативецот на Мароко ќе остане на “Џузепе Меаца” и следната сезона: “Интер нема да го продаде Хакими, бидејќи тој има неверојатна сезона.
“Клубот има финансиски потешкотии, но многу е веројатно да добие нови сопственици во следните неколку седмици, а со тоа, сè ќе се промени.
“Не заборавајте и на платите. Хакими има голема плата од 4,5 милиони евра по сезона, а тоа е премногу за Арсенал”, додаде познатиот трансфер експерт.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













