Македонскиот репрезентативец Бобан Николов ја имаше официјалната промоција во дресот на Лече. Најави дека со новиот клуб ќе атакува на пласман во Серија А и дека бил блиску до Бреша, но на крајот одлучил да го облече дресот на Лече.
„Дојдов да му помогнам на Лече да се пласира во Серија А. Ги запознав соиграчите, веќе сум дел од семејството и подготвен сум да играм. Тренерот треба да одлучи кога ќе играм, а јас сум подготвен за предизвикот. Италијанскиот фудбал се базира на техника и тактика, а јас сум агресивен играч кој може да се прилагоди на таков вид игра. Настапите за репрезентацијата на Македонија ми помогнаа да созреам како фудбалер“, изјави Николов.
Потенцираше дека бил блиску до трансфер во друг клуб, но дека на крајот го одбрал Лече.
„Блиску бев до Бреша, но Лече е клуб со голема традиција, многу години играл во Серија А и Серија Б. Ми кажаа дека има тука амбициозен проект и моја цел е иста како и на клубот, да играме во Серија А. Горан Пандев му кажа убави работи за Лече, и за клубот и за тимот. Кога ме контактираше директорот, бев среќен што Лече се интересира за мене и моја желба е да останам тука долго време. Го одбрав бројот „16“, тој ми носи среќа, со тој број играм и за репрезентацијата. Жута ми е добар пријател, веќе пиевме кафе и разговаравме за градот и за тимот“, истакна македонскиот репрезентативец.
Лече в недела на домашен терен го пречекува лидерот Емполи, а Бобан Николов има право на настап.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski