
Италијанскиот репрезентативец Николо Барела потпиша нов договор со Интер до 2026 година. Тој постигна конечен договор со раководството на клубот за продолжување на соработката за уште пет сезони.
„Интер Милано објавува дека постигна договор за продолжување на договорот на играчот Николо Барела. Фудбалерот од средниот ред роден 1997 година ќе биде член на „нероаѕурите“ до 30 јуни 2026 година“, соопштија од клубот.
Договорот меѓу играчот од средниот ред од Сардинија и клубот беше постигнат пред неколку дена, а денеска и официјално е промовиран во јавноста.
Претходниот договор на Барела предвидуваше разделба во 2024 година, но Барела прифати да остане уште две дополнителни сезони во дресот на Интер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
