Тренерот на Вардар, го најави дербито со Тетекс во сабота во тетово, велејќи дека ќе биде тежок натпревар против тим кој го почитуваат, но дека “црвено-црните” се фаворити да остварат победа во дуелот.
“Одиме на гости кај Тетекс, се работи за екипа која ја респектираме, но не бегаме од улогата на фаворити. Чека еден тежок натпревар, сигурен сум во тоа, само по себе дерби во кое верувам дека ќе има атмосфера. Тетово е фудбалски град, кога и да доаѓа Вардар е фешта.
“Се надевам на една убава фудбалска атмосфера и дека ќе се радуваме. Направивме една успешна серија во лигата и во Купот, имаме три меча без пораз и на психолошки план се крена екипата, па со евентуално уште еден добар настап во Тетово ќе бидат уште подобри резултатите”, изјави Глигоров.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













