
Нико Вилијамс и Барселона ги договориле сите детали. Фудбалерот на Атлетик Билбао ќе потпише шестгодишен договор со новиот клуб, со годишна нето плата помеѓу 7 и 8 милиони евра. Барселона сега преговара со Атлетик околу финансиските услови за да го финализира трансферот, објавија шпанските медиуми.
Вилијамс има излезна клаузула од 58 милиони евра. Иако е млад, тој веќе одигра 167 натпревари за Атлетик, постигнал 31 гол и асистираше за уште 30. Минатото лето беше главна тема. Беше еден од клучните играчи за Шпанија при освојувањето на Европското првенство, а потоа стана и примарна цел на Барселона. Се чинеше дека трансферот е договорен, но крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во последен момент се предомисли и остана во Баскија.
Барселона реагираше на тоа со купување на Дани Олмо за 60 милиони евра и со разочарување од Нико Вилијамс, затоа што го нарушил веќе договорениот трансфер. Но, одличниот офанзивец пред неколку месеци призна дека направил грешка. Каталонскиот „Мундо Депортиво“ тогаш објави дека Вилијамс го повикал спортскиот директор на Барса, Деко, и му рекол дека жали и дека сака ова лето да ја поправи грешката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Ферлан Менди ќе паузира до октомври

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
