Борусија Дортмунд потврди дека утрово напаѓачот Никлас Фулкруг го напуштил кампот на тимот во Швајцарија за да преговара за својот трансфер во Англија. Речиси е сигурно дека германскиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во англискиот премиерлигаш Вест Хем.
31-годишниот Фулкруг си заминува од „Сигнал Идуна Парк“ по само една сезона, во која постигна 15 гола и имаше 10 асистенции во 45 натпревари. За него беа платени 17 милиони евра на Вердер.
Сега Вест Хем ќе плати 26+4 милиони евра за Фулкруг, кој ќе потпише договор за 3+1 година со годишна плата од 3 милиони евра.
Интерес за него имаше и од Милан, но „росонерите“ не можеа да одговорат на финансиските барања на Борусија Дортмунд.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













