Connect with us

Невозможната мисија на Италија, треба да ја победи Норвешка со девет гола разлика, за да оди директно на СП 2026

Италија, и покрај победата од 0-2 против Молдавија, речиси сигурно ќе мора преку бараж да се обидe да избори пласман на Светското првенство – нешто што не им успеало од 2014 година наваму.

Вечерва „аѕурите“ го пречекуваат лидерот на групата, селекцијата на Норвешка. Теоретските шанси за директен пласман се сведуваат на невозможна мисија – Италија би морала да победи со најмалку девет гола разлика за да го преземе првото место.
Во таборот на Норвежаните веќе почна славјето бидејќи практично се чувствуваат како патници за Мундијалот.

По пропуштените две последовни светски првенства по порази во баражот, Италија под водство на Џенаро Гатузо се надева дека ќе го исправи курсот. Тимот постигна импресивни 18 голови во последните натпревари, а одбраната е исто така стабилна – дома немаат применет гол на три меча по ред, по поразот од Германија во Лигата на нациите во март.

Од друга страна, Норвешка веќе гледа кон светската сцена. По убедливата победа од 4-1 над Естонија, селекцијата направи огромен чекор кон првото учество на Мундијал по 1998 година. Нивниот биланс е импресивен: седум победи од седум мечеви, 33 постигнати гола и само четири примени.

Селекторот Солбакен, дел од норвешката генерација која беше елиминирана токму од Италија на СП 1998, ќе има дополнителна мотивација за „лична одмазда“. Норвежаните во одлична форма патуваат на „Сан Сиро“, со четири последовни гостински победи, од кои во три постигнаа најмалку четири гола.

Победата од 3-0 во јуни беше нивниот прв триумф над Италија од 2000 година. Интересно, само два од последните девет меѓусебни дуели завршиле со голови на двете страни.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови