
Неверојатни 2,6 милиони долари беа издвоени за специјален билет за најновата пресметка меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси на 19 јануари во Ријад. Двете ѕвезди на светскиот фудбал ќе се соочат во пријателскиот натпревар меѓу ПСЖ и комбинираниот тим од најдобрите играчи на саудиските клубови, Ал Хилал и Ал Наср, чиј капитен ќе биде Португалецот.
Овој натпревар ќе биде и деби на Роналдо во Саудиска Арабија, бидејќи поради разни административни проблеми не смееше да игра од неговото доаѓање во Ал-Наср.
Специјалниот билет со наслов „Beyond Imagination“ е ставен на аукција, која завршува на 17 јануари. Оној што ќе даде најмногу пари за тоа ќе добие право да учествува на доделувањето, како и да ги посети соблекувалните на двата тима и лично да се сретне со Меси и со Роналдо. Досега саудискиот бизнисмен Мушреф Ал Гамди, кој е генерален менаџер на групацијата за недвижнини „AqarOne“, води на наддавањето со 2,6 милиони долари, пренесува „Марка“.
Натпреварот помеѓу ПСЖ и селекцијата на фудбалери од првенството на Судиска Арабија ќе ги спротивстави Меси и Роналдо за првпат по 2020 година, кога Јувентус на Кристијано ја победи Барселона на Лео Меси со 3:0 во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Евро-фудбал
Арсенал го купува капитенот на Брентфорд

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
