Connect with us

Неверојатен скандал во Премиер – лигата: Му удри шлаканица на соиграчот и доби црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерот на Евертон, Идриса Геј, беше исклучен во 13. минута од натпреварот во англиската Премиер – лига, во кој неговиот тим гостува кај Манчестер јунајтед.

И тоа не би било премногу важно, но причината за исклучувањето на Геј е навистина неверојатна.

Имено, тој влезе во вербален конфликт со својот соиграч Мајкл Кин и во тој момент му удри шлаканица. Тоа не му го „прости“ судијата Тони Харингтон, кој веднаш му покажа црвен картон.

Иако останаа со играч помалку, гостите по првото полувреме водат на „Олд Трафорд“ со 0-1, со голот на Кирнан Дјузбери-Хол во 29. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови