Шкупи со двете ремија во низа ја загуби втората позиција на табелата од Македонија ЃП, а денеска (13 часот) во дербито на колото ќе гостува токму во Ѓорче Петров. „Лавовите“ се во победнички елемент, но дефанзивецот Нето вели дека Шкупи оди да ги освои трите бода.
„Знаеме дека не очекува тежок натпревар со Македонија ЃП. Но, свесни сме за нашите квалитети и одиме во Ѓорче Петров по трите бода. Реми не не интересира, ќе бараме победа и ќе се бориме до последен здив“, вели Бразилецот Нето.
Последната дилема за тренерот Умит Каран е дали на голот ќе може да застане првиот голман Кристијан Наумовски.
Ѓорчепетровци играат офанзивно, постигнаа по три гола на последните три меча на кои забележаа победи и тренерот Жикица Тасевски не мисли да отстапи од тој пристап. Ќе бара победа од своите избраници и на денешниот дуел.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













