
Илија Несторовски ја имаше таа несреќа да заработи сериозна повреда на коленото поради која нема да биде дел од репрезентацијата на Македонија на Европското првенство. Тој мораше да замине на операција и рехабилитацискиот процес ќе трае подолго.
Нестор – гол е само еден од многуте фудбалери на Удинезе оваа сезона кои немаа среќа со повредите, а ги заработија на тренинг.
„Оваа година немавме среќа кога станува збор за повредите. Речиси сите мои соиграчи се повредија на тренинг. Затоа сум малку повеќе лут. Повреди на тренинзи. Тие прават повеќе гнев. Следната сезона мора да внесеме повеќе од позитивните работи во шампионатот и да ги подобриме негативностите. Според мое мислење, мора да го смениме менталитетот – мора да тренираме за да победиме на секој натпревар, само на таков начин можеме да станеме тим што победува“, вели Илија Несторовски.
Напаѓачот не е задоволен од финишот на сезоната на Удинезе.
„Не е ова завршница на сезоната што јас ја очекував и што тимот сакаше да ја има. Сакавме да им пружиме поголемо задоволство на навивачите и да ја завршиме сезоната во горниот дел од табелата во Серија А. Сакавме да завршиме добро, сакавме да победиме на неколку домашни натпревари. Разочарани сме затоа што не ги достигнавме нашите цели“, изјави напаѓачот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)
