
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ќе мора да го оперира левото колено и поради оваа повреда нема да може да настапи на Европското првенство. Тој ги повреди лигаментите на тренинг на Удинезе и ќе мора да замине „под нож“. Вели дека ќе мора да ја прифати реалноста и да замине на операција, но има волја повторно да стане и да застане на нозе.
„Жал ми е, но подготвен сум да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам сè од себе и ќе го победам овој предизвик, да се вратам посилен од порано. Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, напиша Несторовски на Инстаграм од болничкиот кревет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан

Евро-фудбал
Душан Тадиќ пред трансфер во Атлетико Мадрид

Интернационалци
Чешмеџиев потпиша за Радник Бијелина

Интернационалци
Столе Димитриевски се сели во Леванте?

Евро-фудбал
Наполи го договори и Вања Милинковиќ-Савиќ

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
